Објавена јавна набавка за изработка на урбанистички план за Дом на спортови во Аеродром

Од:

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката (АДИССДП), на електронскиот систем за јавни набавки на Бирото за јавни набавки објави тендер за изработка на архитектонско урбанистичка планска документација за објект Дом на спортови во Скопје на ГП 1.7 локалитет И14 во општина Аеродром.

-Оваа јавна набавка е согласно планот за јавни набавки на Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката. Право на учество имаат сите странски и домашни правни или физички лица или група такви лица-понудувач кои се регистрирани за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот. Рангирањето на понудувачите ќе се врши според квалитетот на понуденото решение и цената на понудените цени, соопшти АДИССДП.

Изградбата на Домот на спортови, се посочува во соопштението, е клучен проект во делот на спортската инфраструктура со цел обезбедување услови за непречена работа, функционирање на спортските федерации и подигнување на спортскиот стандард и условите за работа на спортските субјекти во државата.

-Домот на спортовите ќе се гради на територија на општина Аеродром и за таа намена во првата фаза се обезбедени 75 милиони денари од Буџетот на Република Северна Македонија, а останатите средства ќе се обезбедуваат етапно, потенцираат од АДИССДП.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајановски: Аеродром ќе биде функционална, транспарентна и услужна општина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Запалени три возила во Аеродром, штетат е голема, полицијата уапси двајца пиромани

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Аеродром ќе добие на нов модерен спортски центар

Германската полиција уапси Хрват поради дрон над аеродромот

Тревога во Германија: Аеродромот во Минхен итно затворен поради дронови

(ВИДЕО) Филипче: Аеродром не заслужува да изгледа како депонија, време е за промена со Александар Трајановски

Горан Наумовски