Објавен тендерот за трамвај во Скопје

Од:

Град Скопје објави оглас за јавно приватно партнерство кое треба да ја проектира, изгради, финансира и да стопанисува со трамвајската линија која ќе служи за превоз на патниците во главниот град.

Партнерството треба да обезбеди набавка на најмалку 22 трамвајски возила, изградба на пруга во должина од 24,2 километри, во двата правци, и изградба на трамвајски станици, депоа и друга потребна инфраструктура.

Освен тоа, фирмата ќе биде задолжена за стопанисување и одржување на трамвајската линија за целиот временски период додека трае договорот потпишан на 35 години.

Рокот за поднесување на понудата трае до април наредната година, а како услов за утврдување на финансиската состојба понудувачот на проектот треба да има отстварено вкупен промет од најмалку 700 милиони евра во последните три години.

Фирмата понудувач ќемора да ги задоволи условите за техничка способност кои наложуваат таа да располага со 13 квалификувани технички работници и да има извршено миниму 4 договори за трамвајси или метро системи.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство