Косовската ТВ Дукаѓини објави телефонски разговор помеѓу Ризај и Мирсад Ндрецај и македонски агент, за кои се тврди дека имале силни врски со еден агент на Управата за безбедност и контраразузнавање на Македонија (УБК). Двајцата лидери на кумановската група снимиле разговор со наведениот агент, чие име е познато за редакцијата, јави Алсат- М.
Разговорот се одвивал неколку недели откако Ризај и Ндрецај нападнале граничен пункт на планинското село Гошинце во Липково, на границата Македонија – Косово. Ндрецај и Ризај не ја очекувале интервенцијата на македонската полиција за време на акцијата во Гошинце и се сомневаат дека се издадени од македонскиот агент. Ова се потврдува и за време на разговорот.
РТВ Дукаѓини не беше во состојба да ја потврди на независен начин автентичноста на разговорот.
Разговор 1
Мирсад: Како сте?
Агентот: Добро, вие како сте, еве гледам фудбал, Реал. Семејството како е?
Мирсад: Добро, сите, вие како сте?
Агентот: Добро.
Мирсад: Дали сум ви недостигал?.
Агентот: Да, море, како не.
Мирсад: Го загубив бројот бидејќи ми се пуштија од УДБ – а.
Агентот: Која УДБ – а?
Мирсад: Од цел свет.
Агентот: Е.. му мајка на УДБ – а.
Мирсад: Бег вели дека не сум му ја е… никогаш.
Агентот: Каде сте?
Мирсад: Среде Липково.
Агентот: Што зборуваш бре! Во Липково.
Мирсад: Да, да, ние ги …. вашите служби.
Агентот: Знам јас, поради тоа сум ве побарал.
Мирсад: Ех, море човеку…
Мирсад Ндрецај и лицето за кој се претпоставува дека е агент потоа разговараат за една реакција која што Мирсад ја објавил на Фејсбук по инцидентот во Липково. Поранешниот припадник на ОНА напишал на социјалната мрежа дека нападот врз граничниот пункт го организирале најдобрите момци на ОНА.
Разговор 2
Мирсад: Има ли нешто ново?
Агент: Нема ништо богами. Има доста ново.
Мирсад: Да, а?
Агентот: Ти пратив порака, но тој број не ти чини. Ја видов синоќа реакцијата…
Мирсад: Не, не видов. Која?
Агентот: Таа што си ја напишал на Фејсбук. Дека ОНА ја заземала базата.
Мирсад: Дали ти се допадна?
Агентот: Многу добро, многу добро.
За време на разговорот Мирсад според телевизијата го обвинува поранешниот раководител на УБК на Македонија, Сашо Мијалков за деконспирација.
Разговор 3
Мирсад: Сашо го прави тоа. Сашо го тера овој Ангелов, тој Ангелов секогаш гаѓал криво. Никогаш не можел право.
На крајот на разговорот тие бараат од агентот да дојде во Приштина, но откако го исклучија телефонот, со закана зборуваат дека доколку дојде ќе ги расчистат сметките со него.
Мирсад: Ајде, ќе се слушнеме…
Агентот: Утре јас ќе наминам таму, имам работа во Урошевац. Ќе бидам со сопругата и ќерката, па ако бидете во Приштина или каде сте?
Мирсад: Во Приштина сме…
Агентот: Е па ќе ти ѕвонам јас утре…
Мирсад: Да.
Агентот: Па ќе пиеме кафе некаде.
Мирсад: Добро, ајде ќе се видиме во Приштина.
Агентот: Поздрави го Бег.
Мирсад: И тој те поздравува. Ајде, дојди ти во Приштина…
Медиумите известувале врз основа на Косовската агенција за разузнавање дека кумановската група подготвувала неколку напади и во затворот со висока безбедност во Косово, со цел да ослободат неколку затвореници. Еден извештај на Министерството за надворешни работи на Македонија предизвика сомнеж дека двајцата команданти на ОНА се убиени откако биле уапсени.