Објавен повикот за поднесување барање за утврдување статус на стратешки инвестициски проект

Од:

Владата денеска соопшти дека е објавен јавниот повик за поднесување барање за утврдување статус на стратешки инвестициски проект, согласно Законот за стратешки инвестиции.

– Од Законот за стратешки инвестиции произлегуваат критериумите, условите и постапката за пријавување, утврдување на статус, избор, подготовка и реализација на инвестициски проекти од највисок стратешки приоритет за државата и има за цел да поттикнува, привлекува и создава услови за спроведување на стратешките инвестиции во земјава, зголемување на економски раст, вработување и примена на нови технологии и иновации, зголемување на конкурентските економски можности на државата, зголемување на извозот, намалување на трговскиот дефицит и подобрување на добросостојбата и условите за живеење на граѓаните, соопшти Владата.

За стратешки инвестициски проекти, како што информира Владата, се сметаат инвестиции во висина од најмалку 100 милиони евра на територија на најмалку две или повеќе општини, инвестиции од најмалку 50 милиони евра во општините со седиште во град, општините во градот Скопје и инвестициски проекти од најмалку 30 милиони евра во општини со седиште во село.

Јавниот повик е објавен на веб страницата на Владата, а ќе биде објавен во Службен весник на Република Северна Македонија и во најмалку три реномирани меѓународни економски списанија.

Јавниот повик за поднесување барање за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект, на веб страницата на Владата е на следниот линк.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски