Објавен повик за изработка на основен проект за водоснабдување на село Пчиња

Од:

Одделението за јавни набавки од општина Куманово објави јавен повик за прибирање понуди за изработка на основен проект на добивање на електронска дозвола за водоснабдување на кумановското село Пчиња.

Општината, информираше градоначалникот Максим Димитриевски, распиша постапка со која ќе изврши дополнително испитување и бушотини на одредени локации во село Пчиња со што општината ќе се обиде да најде нови извори кои што би можеле да ги користат за алтернативно снабдување со вода.

– Еден од посериозните проблеми е и проблемот со водоснабдувањето на село Пчиња. Таму граѓаните се снабдуваат со вода од алтернативни бунари кои што претежно сами ги инвестирале. Ние го отпочнавме тој процес кој е во тек и се надевам дека во најкраток можен период ќе дојдеме до конкретни резултати дали општината ќе пристапи со ваков вид на водоснабдување на селото или ќе мора алтернативно да ја дисперзира веќе постоечката водоводна мрежа во градот, изјави Димитриевски.

Согласно распишаниот повик, предмет на договорот за јавна набавка се архитектонски, инженерски и интегрални инженерски услуги, услуги за просторно планирање и за уредување на земјиштето, поврзани научни и технички советодавни услуги; и услуги за технички испитувања и анализа. Проценетата вредност е 1,2 милиони денари без данок на додадена вредност. Отварањето на понудите е закажан за 15 март годнава, во просториите на општината.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување