Објавен оглас за консултант за национален авиопревозник

Од:

Министерството за транспорт и врски објави оглас за избор на консултантска компанија што ќе изработи физибилити студија за можноста за формирање редовен национален авиопревозник во Република Македонија.

Консултантската компанија ќе треба да подготви студија за економска оправданост на проектот и да анимира реномирани странски авиокомпании за пројавување интерес за национален авиопревозник, како и да ја советува Владата за избор на квалитена понуда.

Заинтересираните консултантски компании понудите треба да ги достават до 29 декември.

Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, по склучување договор заедно со избраната консултантска компанија и концесионерот на скопскиот аерородм ТАВ треба да анимираат што е можно поголем број компании, кои ќе понудат услови.

– Врз база на нивните услови и она на што ние можеме да го понудиме ќе се направи пакет кој потоа ќе биде презентиран пред јавноста и ќе распишеме јавен повик со кој ќе бараме национален авиопревозник, изјави неодамна министерот Јанакиески.

Би можело да ве интересира

Пет кандидати во трка за Државен јавен обвинител, пријавите доставени до Владата

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата