Објавен Јавeн повик до невладини организации за доставување предлози за дополнување на Планот за борба против корупција

Од:

Со цел креирање на ефикасни мерки и дополнување на Планот за борба против корупција, денеска од Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, е објавен Јавeн повик до невладини организации во земјава кои работат во областа  на спречување на корупцијата и криминалот.

Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на вицепремиерот, преку овој повик, се повикуваат невладините организации кои работат во оваа област да достават свои предлози за креирање на мерки и политики за борба против корупцијата и криминалот. Доставените предлози треба да содржат: конкретни препораки и образложение за иститеконкретни активности за спроведување на препораките, надлежни институции за спроведување на активностите, предлог рок за исполнување на активностите.

Предлозите треба да се достават на следната епоштаinfozpvrsmnikolovski@gs.gov.mk најдоцна до 26.11.2021 година (петок) до 12 часот.

Борбата против корупцијата и криминалот е еден од стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија, а за реализацијата на оваа цел од особено значење е придонесот на невладниот сектор, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Пивоваров: Полиграфска проверка на службениците на границите, како мерка за сузбивање на корупцијата

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран

Напредок од два индексни поени и девет позиции на Индексот на перцепција на корупција за 2023

Јан Коп до Ахмети: Посветеноста за членство во ЕУ е загрозена поради падот на владеењето на правото

Грковска-Нефју: САД ја продолжуваат поддршката на Македонија за спречување на корупцијата

Орце Костов

Кржалоски: На пола милион граѓани им било побарано мито, само четири судски пресуди се однесуваат на поткуп