А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Објавен е тендерот за подземна сообраќајница во центарот на Скопје

by А1он10/01/2013 - 10:5910/01/2013 - 11:00168
Share0

Објавен е тендерот за избор на компанија која ќе го гради тунелот на меѓу булеварите ВМРО и Кузман Јосифовски–Питу. Градските власти со ова ја започнуваат реализацијата на овој капитален проект, со кој се надеваат дека ќе се надмине сообраќајниот метеж во централното градско подрачје.

Следете a1on на Instagram Instagram

Подземната сообраќајница треба да има по една коловозна лента во секој правец и да биде со вкупна должина од 1.300 метри, од кои 900 метри ќе бидат под земја, а 400 метри над земја.

Проектната документација предвидува сообраќајницата да почне со кружен тек кај мостот Гоце Делчев и под Плоштад Македонија и Кеј 13–ти Ноември да излезе на идниот кружен тек кај булеварот Кузман Јосифовски–Питу, во близина на Народната банка на РМ.

Компаниите од градежниот сектор треба да ги достават понудите за изведба на сообраќајницата најдоцна до 10 јуни, за кога е закажано и нивното јавно отворање.

Следете a1on на Youtube YouTube

Градската власт определи три критериуми за доделување на договорот, при што најповолната финансиска понуда ќе биде вреднувана со 70 бодови, додека за кадровската екипираност и за техничката опременост се предвидени максимум по 15 бодови.

Кон крајот на годинава треба да започнат активностите за градење, ако сè се одвива според планираните рокови. Градењето треба да трае три години, а предвидената вредност на објектот се проценува на околу 32 милиони евра.

skopje

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 12:5804/10/2026 - 12:59

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ03/10/2026 - 00:0502/10/2026 - 19:05

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

Горан Наумовски26/08/2026 - 12:09

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски21/08/2026 - 12:2921/08/2026 - 14:57

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски19/08/2026 - 13:3419/08/2026 - 14:40

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Горан Наумовски18/08/2026 - 14:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео