Обезбедени 98 милиони денари за намалување на загадувањето на воздухот

Од:

Владата на денешната седница ја прифати предлог-програмата за инвестирање во животната средина за 2019 година. Покрај програмата за инвестиции од 130.8 милијарди денари, за оваа програма обезбедени се 98 милиони денари.

Како што соопшти владината прес-служба, дел ќе се наменат за поддршка на мерки и активности за намалување на загадување на воздухот со спроведување постапка за јавна набавка. Останатиот дел од средствата ќе се доделуваат врз основа на Јавен конкурс којшто го објавува и спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање, согласно со Законот за животната средина, со склучување договори за доделување средства.

Министрите денеска ја прифатија и предлог–програмата за мониторинг на безбедност на храната во Република Македонија за 2019 година. За оваа намена се предвидени 7,8 милиони денари, а целта на програмата е одредување на присуството и концентрациите на контаминентите во храната, утврдување присуство на резидуи од пестициди во и на храната, миграцијата на одделни супстанции од материјалите и производите кои доаѓаат во контакт со храната, мониторирање на можно присуство на ГМО храна, микробиолошки критериуми и други опасности во храната, како и евалуација на нивното влијание врз здравјето на човекот.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски