Обезбедени 6,2 милиони евра за исплата на субвенции за мерки од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството

Од:

На денешната владина седница се обезбедија 385 милиони денари или над 6,2 милиони евра за исплата на преостанати субвенции за неколку мерки од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2017 година.

Со оваа сума ќе се исплатат субвенции за мерката за органско производство, дополнителна помош за производство во отежнати услови, субвенции за литар предадено млеко, субвенции за мерката за 60 отсто покривање на трошоците за осигурителни полиси, како и за други мерки од Прогрaмата за 2017 година.

До крајот на оваа недела, по објавувањето на владината одлука во Службен весник, ќе започне исплатата на овие субвенции, соопштуваат од Владата.

Како материјал за информирање министрите ја разгледаа информацијата за резултатите на работната група за имплементирање на Акцискиот План за отворено владино партнерство 2016-2018 година, со финален извештај за самооценување.

Притоа Владата укажа дека при изработката на акциските планови, во рамките на работната група, треба да бидат вклучени и претставници од Секретаријатот за европски прашања, со цел поефикасно информирање на Европската комисија за преземените мерки и активности во врска со оваа иницијатива за подготовка на двогодишни акциски планови.

Би можело да ве интересира

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите