​​Обезбедени 62 милиони денари преку Светска банка за нови улици во Аеродром

Од:

Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски и Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска го потпишаа договорот со кој официјално се ставаат на располагање средствата од Светска Банка наменети за реконструкција на 2 локални улици во населба Лисиче. На настанот присуствуваа и претседателот на Советот Дејан Митески и пратеникот Синиша Стојановски.

Станува збор за средства во висина од 62 милиони денари кои се наменети за подобрување на општинската инфраструктура во Општина Аеродром, односно изведбата на улиците „Мите Богоевски“ и „Црноризец Храбар“ во должина од речиси 2 километри, извести Општина Аеродром.

Градоначалникот Муцунски на својата Фејсбук страна истакна дека унапредувањето на комуналната инфраструктура е еден од приоритетите за оваа година и во таа насока тој ја искористи денешната средба за да иницира реализација на вакви проекти кои ќе бидат имплементирани во соработка со Министерството за транспорт и врски, а со средства на Светската Банка, како и останати фондови и програми за финансирање.

Би можело да ве интересира

Трајановски: Со ваша поддршка кон подобра иднина на Аеродром

А1он

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он