А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

НВО Уфук: Новиот универзитет за безбедност да се вика Реџеп Таип Ердоган

by А1он03/02/2016 - 21:0567
Share0

За само 34 дена Владејачката гарнитура донесе одлука за формирање на два државни универзитети и сака да ја спроведе во Собранието на Р.Македонија. Со каква намера се прави целото ова не е многу тешко да се претпостави. Mеѓутоа постапка во која се прекршени сите законски процедури и критериуми за формирање на универзитет е неприфатлива, се разбира доколку се залагаме за квалитетно образование. Формирање на високобразовна институција за вработување на своите партиски кадри е уште еден популистички чекор на власта кој ќе му наштети на образованието. Со овој чекор власта ќе ги гетоизира помалите етнички заедници, доколку го тврдат спротивното тогаш предлагаме името на новиот универзитет за безбедност наместо Даме Груев да го носи името на председателот на Р.Турција, Реџеп Таип Ердоган кој е претставник и симбол на мултикултурализмот. Веруваме дека овој Наш предлог ќе биде подржан од трите турски партии во Македонија, особено од турската партија која е во коалиција со ВМРО ДПМНЕ и е во блиски односи со претседателот на Р.Турција.

Добивај вести на вибер

Целата оваа процедура каде без да се направат анализи, да се утврди потребата и резултатите кои се очекуваат од формирање на нов универзитет, не потсеќа на интензивните реформи во образованието, кои во последниве години направија хаос во образовниот систем на Македонија. При тоа беше заборавена наставата на турски јазик, учениците кои следат настава на турски јазик и наставниците кои изведуваат настава на турски јазик. Со реформите беше заборавена мултиетничката реалност на државата и состојбата во образованието на наставните јазици на помалите етнички заедници, велат од НВО Уфук.

turcija

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драма во Анталија: Пукање во владина зграда, напаѓачот се заклучи внатре, специјалните сили ја опколија зградата

Горан Наумовски16/03/2026 - 14:28

ВИДЕО: Узбуна во НАТО базата Инџирлик во Турција

Катерина Ѓуровски13/03/2026 - 08:24

Иранска балиситичка ракета соборена во воздушниот простор на Турција

Катерина Ѓуровски09/03/2026 - 14:28

Фидан: Израел провоцира конфликти, спроведувајќи експанзионистичка агенда

Горан Наумовски08/03/2026 - 18:39

Турција се плаши од хаос и бран бегалци од Иран

Горан Наумовски08/03/2026 - 13:3508/03/2026 - 13:35

Иранска балистичка ракета лансирана кон Турција соборена од воздушната одбрана на НАТО

Горан Наумовски04/03/2026 - 13:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен