Нуркачите го чистеа Мавровското езеро

Од:

Спелеолошкиот нуркачкиот клуб „Врело“ заедно со членовите на нуркачкиот клуб „Акватек“ во подводна еколошка акција на езерото Маврово извадија повеќе десетици килограми различен отпад. Тие викендов продолжија со реализација на тековните проекти за чистење на речните и езерските сливови во Македонија.

Во акцијата, која се одвиваше на пределот на местото „Црн камен“ помеѓу селата Леуново и Никифорово, нуркачите собраа и лоцираа повеќе десетици килограми пластичен и метален отпад како шишиња, пластични ќеси, метални конзерви од пијалоци и храна, рибарски мрежи и многу друг ситен смет. Отпадот беше изваден од дното на езерото и предаден на тамошните институции за негово комплетно дислоцирање од мавровскиот предел.

Овој отпад го уништува животинскиот свет и флората на мавровското езерско корито па оттука и потребата за случување на ваквите акции, истакнаа нуркачите кои учествуваа во акцијата. Целта на овие акции е да ја разбудат еколошката свест на локалното население и туристите бидејќи во екот на туристичката сезона се очекува и поголема загаденост на речните сливови на поголемите туристички дестинации во Македонија.

Со оваа акција нуркачите од „Врело“ и од „Акватек“ упатија апел и до своите колеги од останатите нуркачки клубови да се приклучат во понатамошните подводни чистења.

Поддршка на оваа акција дадоа и заменик- министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски, градоначалникот на општината Маврово и Ростуше и Националниот парк Маврово.

Проектот за чистење на речните и езерските сливови на територијата низ државата е во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, а за оваа година се планирани вкупно 10 вакви акции.

Следни на агендата на нуркачките друштва се езерото Матка, Охридското, Преспанското и Дојранското езеро.

Би можело да ве интересира

Најстудено во Битола, најмногу снег во Маврово

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови

Сообраќајот на патот Гостивар-Маврово-Дебар во прекин до 16 часот

Ана Ололовска

Протест на жителите на Горна Река поради еколошката катастрофа во Националниот Парк Маврово

Катерина Ѓуровски

На Маврово вее снег

Горан Наумовски

Ковачевски: Маврово и Ростуше е сплотено во поддршката за Медат Куртовски