Нуркачи на специјалните единици и на денеска трагаат по исчезнатото момче во водите на Глажња

Од:

Директорите на Центарот за управување со кризи и на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов и Беким Максути, денеска беа на терен кај вештачкото езеро Глажња во општина Липково каде веќе неколку дена екипи трагаат по телото на 29-годишен локален жител кој влегол во водите на езерото по што му се губи трагата.

-Потрагата по 29-годишното момче кое минатата недела исчезна во водите на вештачкото езеро Глажња продолжува и денес. Шест нуркачи од Тигрите и осум нуркачи од Волците го пребаруваат езерското дно, а истовремено има неколку тимови на ДЗС, како и нуркачи на ДЗС. Се пребарува и под вода, но се пребарува и брегот на езерото, изјави директорот на ЦУК, Ангелов.

Тој нагласи дека полицајци од СВР Куманово асистираат при потрагата на брегот.

-За жал условите и денеска се лоши, видливоста е многу слаба. На само неколку метри од брегот длабочината доаѓа до повеќе од 10 метри за на неколку метри од брегот да има длабочина поголема од 20 метри. Нашите нуркачи се обучени и нуркаат до максимум 40 метри длабочина, прецизира Ангелов.

Директорот на ДЗС Максути, пак, порача дека заедничките тимови на ДЗС и на Министерството за внатрешни работи, како и доброволни друштва и тимовите кои се дел на Дирекцијата веќе неколку дена се во потрага по исчезнатото лице.

-Ќе продолжиме со потрагата с е до моментот додека не го најдеме телото. Се надевам дека денешниот ден и двата последователни денови се критични за да бидеме успешни, односно да го пронајдеме лицето кое исчезна во водите на езерото минатата недела и со тоа да ја заокружиме една хумана мисија за која сите ние сме тука за да им помогнеме на нашите граѓани, изјави Максути.

Би можело да ве интересира

Пронајдени деца кои се изгубиле на Водно

Вчера на 112 во ЦУК регистрирани 1.690 повици

Снегот и невремето ги дуплираа повиците на 122

(ВИДЕО) Ангелов револтиран поради мостот кај Визбегово: Некој може да биде убиен од овие коцки

А1он

ЦУК: Од силен ветар паднати и оштетени кровови, фасади, дрвја, оштетени автомобили, пожари

Предраг Петровиќ

ЦУК: Ангажирани нуркачи со цел и под вода да се утврди состојбата на столбовите на мостот на реката Црна