Нуркачи на МВР го пребаруваат Мавровско Езеро, трагаат по исчезнатиот излетник

Од:

Специјални нуркачки тимови од утрово го пребаруваат брегот на Мавровско Езеро во месноста Бунец во обид да го пронајдат турскиот државјанин кој вчера попладне исчезна во водите на езерото.

Од Јавното обвинителство потврдуваат дека ја следат потрагата, но засега не можат да ја потврдат судбината на мажот на возраст од 67 години кој последен пат е виден како се обидува во неколку наврати да исплива на површината.

Неофицијално, лицето по кое се трага е турски државјанин Тој, вчера, со пријатели од Скопје тргнале на излет покрај брегот на Мавровско Езеро. Некаде околу 16 часот заедно со уште едно лице влегле во водите на езерото во близина на еден километар од месноста Бунец. При враќањето кон брегот, најевројатно загубил сила и почнал да тоне и се обидувал да исплива на површината по што му се губи трагата. Едниот од излетниците допливал до брегот и побарал помош.

Случајот во полициското одделение Маврово, го пријавил рибар кој бил во близина по што полициски службеници од полициското одделение Маврово, помогнале и едниот од излетниците го префрлиле во гостиварската болница.

Би можело да ве интересира

Најстудено во Битола, најмногу снег во Маврово

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови

Сообраќајот на патот Гостивар-Маврово-Дебар во прекин до 16 часот

Ана Ололовска

Протест на жителите на Горна Река поради еколошката катастрофа во Националниот Парк Маврово

Катерина Ѓуровски

На Маврово вее снег

Горан Наумовски

Ковачевски: Маврово и Ростуше е сплотено во поддршката за Медат Куртовски