Нуредини и Сахакијан на средба за проектот за подобрување на отпорноста на поплави во Полошкиот регион

Од:

Министерот за животна средина Насер Нуредини оствари средба со постојаниот координатор на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во државава Нарине Сахакијан.

Нуредини во објава на Фејсбук информира дека на средбата разговарале за напредокот и приоритетните активности на проектот за подобрување на отпорноста на поплави во Полошкиот регион.

-Проектните активности имаат за цел да направат фундаментална промена во начинот на кој се постапува со ризикот од поплави во Полошкиот регион, кој се смета за најранлив во земјата по ова прашање. Во оваа насока, изразив подготвеност за мобилизирање на повеќе финансиски средства од Владата на РСМ за реализација за сите предвидени проектни активности, истакнува министерот.

Како што додава, проектот е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, а имплементиран од УНДП.

Нуредини наведува и дека изразил благодарност до УНДП за нивната посветеност и придонес при реализација на овој проект, како и за можноста за продолжување на соработката и во областа на енергетската ефикасност.

Би можело да ве интересира

Нуредини: Општините мора да си ги зајакнат сопствените капацитети за успешно воспоставување и одржување на регионалниот систем за управување со отпадот

А1он

Нуредини: Употребата на кеси за носење стоки драстично е намалена

А1он

Конститутивна седница на Советот за развој на полошкиот регион, Касами избран за претседател

А1он

Нуредини: Производителите можат да продуцираат биоразградливи кеси до 1 јуни 2023 година

Нуредини: Чистата енергија е клучот за намалени климатски промени и поздрава иднина

А1он

Координативен состанок на Нуредини и Пендаровски за климатскиот самит во Глазгов

А1он