(ВИДЕО) Нуланд: Крајно време е да се реши политичката криза

Од:

На прес конференцијата која што се одржа по средбата со Никола Груевски, американскиот помошник државен секретар, Викторија Нуланд порача дека е крајно време да се реши политичката криза во земјата.

-Политичка криза им отежна на лидерите да се фокусираат на демократските цели и мораме да ја надминеме. Крајно време е да ја решиме политичката криза. Ние со задоволство работиме со ЕУ, амбасадорот, Џес Бејли и еврокомесарот, Јоханес Хан, да ги зближиме партиите за Македонија да се врати на избраниот пат кон евратланските интеграции, кон независното судство и слобода на медиумите – изјави таа.

Нуланд додаде дека остануваат нерешени уште неколку прашања и во таа насока, го поздрави доаѓањето на Хан утре.

-Го поминав својот ден разговорајќи со клучните страни, вклучувајќи го и премиерот, за да се зближат разликите, за договорот да биде постигнат и земјата да продолжи понатаму работејќи на медиумите, судството и на изброните реформи. По средбите верувам дека постои политичка волја да се реши проблемот. Но би сакале да кажеме дека што побрзо се договорите толку побрзо ќе се вратиме на избраниот пат – порача таа.

Нуланд додаде дека ќе бидат потербни комплексни преговори со Владата во Грција за да се реши спорот со името за на Македонија да и се обезбеди влез во НАТО, и дека САД, како и до сега, се спремни да помогнат во тоа.

Изјава даде и премиерот Никола Груевски, кој се задржа на добрите односи помеѓу двете земји и развојот на дополнителна соработа.

Конкретно за политичката криза, Груевски рече дека решение е можно само во правен, институционален и политички процес.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Иран: Нема да го отвориме Ормутскиот теснец и покрај заканите на Трамп

ВИДЕО: Иранците ја погодија американската база во Саудиска Арабија; Уништени се пет танкерски авиони

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ирански дронови погодија нафтен терминал во ОАЕ и американската амбасада во Багдад

Предраг Петровиќ

Америка го нападна клучниот ирански остров, Иран најави одмазда

Предраг Петровиќ

Дипломатска војна меѓу Бразил и Америка; Лула му забрани влез на соработникот на Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: „Претседателот сака веднаш да дојдете“; Итниот повик на Трамп од Собата за ситуации го прекина интервјуто

Предраг Петровиќ