Нула депонии во Аеродром во 2023 година: Интензивни активности за чистење на јавните површини

Од:

Активностите за чистење на јавните површини кои започнаа во 2022 година, продолжуваат и оваа година. Локалните комунални служби оваа работна недела ја започнаа со акција за чистење на депониите кои се наоѓаат на територијата на Општина Аеродром. Почнувајќи од вчера, денеска и во следните денови, се чисти депонијата што се наоѓа зад „Урбан Гарден“ на улицата „Трета Македонска Бригада“.

Интензивните активности се спроведуваат на повеќе локации низ општината и ќе траат до крајот на овој месец. Истовремено, инспекциските служби се активни на терен и активно работат на санкционирање и вршат засилен надзор секаде каде што се забележува несоодветно одложување на отпадот, известуваат од Општината.

„Решавањето на проблемите на граѓаните останува во фокусот на нашето работење. Ги слушаме нивните проблеми и веднаш интервенираме онаму каде тоа е потребно. Oдржувањето на јавната хигиената е во фокусот и оваа година, a паралелно со тоа работиме и на подигнување на свестa кај граѓаните. Поради ова активностите за чистење на депониите кои ги започнавме лани, продолжуваат да се реализираат и оваа година, а паралелно се одвива и тековно чистење и одржување на Аеродром. Ова ќе биде година на промени во начинот на работата на комуналните служби, и со тоа општината веќе започна со највената реорганизација на начинот на одржување на јавната хигиена“, напиша градоначалникот Тимчо Муцунски на својот фејсбук профил.

„Активностите за расчистување на депониите продолжуваат и следните денови. Свеста за екологијата и чистата животна средина е важна за секојдневното живеење и поради тоа апелираме до граѓаните да бидат одговорни и да дадат свој придонес во одржување на јавната хигиената“, велат од Општина Аеродром.

„Воедно, апелираме до граѓаните во следните денови да ги дислоцираат своите автомобили од локациите каде ќе се спроведуваат акциите за чистење. На тој начин општинските служби ќе можат поефикасно да ги реализираат своите активности на терен. Општина Аеродром останува посветена на обезбедување здрава и чиста средина за граѓаните, преку секојдневните активности на комуналните работници и инспекциските служби“, додаваат од Општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Аеродром, Гостивар и Сарај со В.Д. градоначалници до следните избори, помина Законот за локална самоуправа

Општина Аеродром: Град Скопје и ЈСП го оставија Долно Лисиче без градски превоз

Се нормализира состојбата во Аеродром по вчерашното невреме

Дејан Митески е новиот заменик-градоначалник на Општина Аеродром

Општина Аеродром: Нема бетонизација во Лисиче, ќе се гради една зграда и два парка

СДСМ: Муцунски и ДПМНЕ на шверцерски начин го изгласаа срамниот ДУП за бетонизацијата на Лисиче