Нухиу: Не е веќе прашање дали е потребна соработка, туку на кој начин ќе ја интензивираме

Од:

Не е веќе клучно прашањето дали е потребна соработка, туку прашањето – како и на кој начин заедно да ја интензивираме, концептуализираме и систематизираме таа соработка во интерес на националната, регионалната и генерално, меѓународна безбедност. Впрочем, сето она што заедно го минавме во изминативе неколку години, вклучително и по однос на терористичките закани, повеќе од кога и да е не упатува едни на други, нужно наметнувајќи ги кооперативноста, солидарноста и координацијата како фундаментални принципи за градење занички стратегии за соработка.

Ова меѓу другото го истакна заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу во своето денешно обраќање на Регионалниот семинарот посветен на „Заедничката регионална соработка во југоисточна Европа во борбата против финансискиот криминал, со посебен фокус на перењето пари и финансирањето на тероризмот“.

Според заменик министерот Нухиу тероризмот денес и по својата форма и по својата содржина, очигледно ги надградил сопствените потенцијали, особено глобализирајќи ја својата, идеолошка подлошка како наднационална, со што драстично ги видоизменил и инфраструктурните, логистичките па дури и техничките перформанси во делувањето.

Елаборирајќи зошто е неопходно заедничко ангажирање, отворена и блиска коперативност во насока на поефикасна борба и превенција од финансискиот криминал и тероризмот, заменик министерот Нухиу нагласи дека – “сосема е разбирливо зошто е потребен посилен, подетален, и посеопфатен фокус кон криминогените финансиски операции не само заради лоцирање на овој – сам по себе – облик на криминал, туку и на лоцирање на трагите коишто можат да не одведат на теренот на терористичкот делување“.

Инаку, на Регионалниот семинар кој што денес и утре ќе се одржува во Скопје, а во коорганизација на мисијата на ОБСЕ во Република Македонија и Италијанската амбасада во РМ, претставници на владини институции, на меѓународни организации и експерти од областа на финансискиот криминал од земјите на ЈИЕ ќе разговараат на повеќе теми од областа на финасискиот криминал со посебен акцент на финасисрањето на тероризмот.

Би можело да ве интересира

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

(ВИДЕО) Агитирање и летоци – нема посериозни инциденти за изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Поткуп со бонови за бензин, агитирање, закани по телефон за време на предизборниот молк

Катерина Ѓуровски

Одбележан Денот на македонската полиција

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он