НСП: Вработени во МВР немале здравствено осигурување

Од:

Над 220 вработени во Министерството за внатрешни работи немале здравствено осигурување и за тоа го информирале Независниот синдикат на полицијата (НСП) и Министерството за внатрешни работи, соопшти денеска на прес-конференција претседателот на НСП Гоце Делчев.

Појасни дека до Министерството за внатрешни работи поднеле писмен акт во кој бараат да се произнесе по овој податок, зошто не се уплаќало здравствено осигурување за дел од вработените, а за некои од нив не е извршена уплата од декември 2013 година.

– Бараме МВР да каже кои се причините зошто нередовно се врши уплата за здравствено осигурување на вработените во МВР, каде завршувале средтсвата кои се предвидени за задравственото осигурување и кој е виновникот за тоа, вели Делчев.

Според него, многу од вработените во МВР кои немаат здравствено осигурување во моментов имаат итна потреба од здравствени услуги и лекарства и тоа го регулираат приватно односно плаќаат за услугите. Тој рече дека очекува средба со министерот за внатрешни работи или барем, како што рече, телефонски да биде консултиран.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он