НСП: Извршен мобинг врз двајца полицајци од нивните раководители

Од:

Извршено е неправилно и незаконско постапување на затворски полициски службеници и на службеници од одделот за отсек општ криминал врз двајца полицајци, информираше денеска претседателот на Независниот синдикат на полицијата (НСП) Гоце Делчев Тодев.

– Само во последните две недели независниот синдикат евидентира два случаја на двајца претседатели на синдикални организации. Едниот случај е со претседателот на синдикалната организација на СВР Струмица, а вториот е со претседетлот на независниот синдикат на затворската полиција на сите затвори на Рапублика Македонија, истакна Делчев.

И во двата случаја според него извршен е мобинг врз полицајците од нивните надредени. Од НСП бараат од надлежните министерства да преземат мерки за неправилно и незаконско постапување на раководните лица.

Делчев апелираше до директорот на БЈБ и Министерот за внатрешни работи доколку сметаат дека има потреба, итно да почне процесот за менување на некој раководни функционери во МВР, а се со цел, како што рече, да не им се остави простор на раководителите да вршат мобинг врз полицајците.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка