НСДП слави 12 години од основањето на партијата

Од:

НСДП денеска во хотелот ТЦЦ ГРАНД ПЛАЗА, во Скопје, прослави 12 години од основањето на партијата.

На прославата свое свечено обраќање пред членовите на партијата, симпатизери и претставници на дргуи политички партии, имаше претседателот Тито Петковски, кој изрази задоволство од тоа што 12 годни НСДП опстојува и дава свој белег на политичката сцена, како на локално така и национално ниво.

„Овој роденден го одбележуваме во услови на изменети општесвено-политички услови, по долгогодишна диктатура и политички кризи Македонија успеа да концентрира политичка волја и силна енергија за пораз на политичките сили кои земјата ја заковаа на доното од европските перспективи“, рече Петковски во своето обраќање.

Тој истакна дека граѓаните за првпат масовно се мобилизираа врз социјална основа, притоа надминувајќи ги етничките и верски разлики.

„За првпат во повеќепартиската историја на Република Македонија, припадниците на различни етнички заедници масовно гласаа за партија и партии со доминантна припадност од друга етничка заедница. Живеачката, стандардот, човековите права и слободи за првпат стнаа поважни од митологијата и етничката припадност“, рече Петковски.

Претседателот на партијата апелираше дека мора на сите ниво на власта да се демонстрира јасна желба за градење на демократско општество со вклучување на граѓаните без разлика на нивната политичка припадност, притоа нагласувајќи дека само со единство може да се дојде до решение на сите витални прашања за опстанокот на државата.

„Како партија од владејачката коалиција веруваме во демократските идеали, бидејќи тие ги обединуваат луѓето и го туркаат општеството напред. Умереноста и транспарентноста мора да ни бидат најважни алатки во создавањето баланс на многубројните партиско-политички, етнички и верски разноликости и интереси“, рече Петковски.

Би можело да ве интересира

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ

НСДП: Не успеа обидот на ВМРО-ДПМНЕ за манипулација со граѓаните со иницијативата за референдум

НСДП го прифати францускиот предлог

НСДП од политичките партии бара државнички однос при разгледување на францускиот предлог

Ана Ололовска