НСДП: Предвремените парламентарни избори да се одржат во јуни 2020, по завршувањето на мајскиот самит на ЕУ

Од:

Во пресрет на денешната лидерска средба кај Претседателот на Република Северна Македонија, на која како што велат од НСДП, партијата не била поканета да партиципира и не била консултирана за нејзиниот став во поглед на новонастаната политичка ситуација поврзана со недобивањето на датум за отпочнување на преговори со ЕУ, на јавноста преку соопштение го соопштуваат својот став.

„Некоректно и политички неодговорно е кон граѓаните да се гради претстава дека Република Северна Македонија беше поразена во Брисел во ситуација кога одложувањето на одлуката за датум за отпочнување на преговорите беше одложена од страна на Европскиот совет само поради противењето на Франција. Овој став на Франција е резултат на внатрешно политички мотиви на претседателот Макрон, а не последица на неисполнување на условите и обврските кои беа поставени од страна на Брисел кон Северна Македонија.

Во овие моменти НСДП смета дека сите парламентарни партии треба да ги надминат своите тесни калкулации и својот фокус да го стават на што побрзо донесување на законско решени за СЈО, со што формалниот аргумент кој го изнесува Франција ќе биде обеспредметен. Ново настанатата надворешно политичка позиција на Северна Македонија, во контект на интеграциите кон ЕУ, наметнува и императив за формирање на некое политичко тело во кое ќе партиципираат сите парламентарни партии, независно дали се од власта и опозицијата, кое ќе биде фокусирано во наредните неколку месеци на лобирање и подигнување на нивото на билатералните политички односи помеѓу Северна Македонија и Франција.

Не смееме да дозволиме дополнителни политички тензии да се создаваат со одење на брзи предвремени парламентари избори кои може да го нарушат институционалното функционирање на државата во наредните неколку месеци. Како што беше информирано во јавноста, датумот за отпочнување на преговори со Северна Македонија треба да се најде на агендатат на ЕУ на следниот самит во мај наредната година. Поради ова, НСДП е на ставот дека одржувањето на предвремени парламентарни избори пред овој самит на ЕУ може да ја дефокусира политичката енергија во земјава и да го нарушу институционалното спроведување на започнатите реформи во државата. Вистински момент е најголемите политички партии да покажат созреаност и да ја заживеат политичката пракса во која Владата ќе го завршува целиот свој мандат пред повторно да ја бара доверба од граѓаните на избори. Доколку лидерите на најголемите политички партии денес одлучат за одржување на предвремени парламентарни избори, НСДП смета дека терминот за истите би требало да биде во јуни наредната година, по завршувањето на мајскиот самит на ЕУ“, се вели во соопштението на НСДП.

Би можело да ве интересира

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ

НСДП: Не успеа обидот на ВМРО-ДПМНЕ за манипулација со граѓаните со иницијативата за референдум

НСДП го прифати францускиот предлог

НСДП од политичките партии бара државнички однос при разгледување на францускиот предлог

Ана Ололовска

Мисовски избран за претседател на НСДП

Ана Ололовска