НСДП: Потребно е да се демонстрира политичка волја за правниот систем да се постави на цврсти решенија

Од:

„Во однос на тековните преговири помеѓу политичките партии од владејачкото мнозинство и опозицијата поврзани со Предлог-законот за јавното обвинителство, НСДП смета дека се наоаѓаме во политички моментум кога е потребно да се демонстрира политичка волја правниот систем да се постави на цврсти и трајни решенија.

Појдовната точка во поставувањето на законското решение за јавното обвинителство треба да биде рамката која ја поставува Уставот на Република Северна Македонија, која не дозволува хибридни решенија кои произлегуваат од политички калкулации. Само на овој начин можеме да добиеме јавно обвинителство кое ќе работи врз основа на високи професионални и морални стандарди, имајќи висок степен на кредибилитет и независност во постапувањето како дел од правниот систем.

Фијаското на СЈО е само потврда дека решенијата кои се плод на политички пазарења и преговори, надвор од Уставот, не можат да бидат трајно одржливи и функционални во правниот поредок на државата. Постапаката за избор на државниот Јавен обвинител е уставно уредена, а за изборот на сите останати јавни обвинители одлучува Советот на јавни обвинители, како највисоко тело во јавно-обвинителскиот систем. Затоа НСДП смета дека персоналните решенија не треба да зависат од политички преговори или договори, туку во транспарентна и јавна постапка изборот за секоја позиција во јавното обвинителство да се темели на оценување на професионалните заслуги и високите етички и морални стандарди.

Добар пример за професионализмот и квалитетот на кандидатите да излезе во преден план е постапката за избор на членови на Антикорупциската комусија, која беше јавна и транспарентна“, се вели во соопштението на НСДП.

Би можело да ве интересира

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ

НСДП: Не успеа обидот на ВМРО-ДПМНЕ за манипулација со граѓаните со иницијативата за референдум

НСДП го прифати францускиот предлог

НСДП од политичките партии бара државнички однос при разгледување на францускиот предлог

Ана Ололовска

Мисовски избран за претседател на НСДП

Ана Ололовска