НСДП: Не успеа обидот на ВМРО-ДПМНЕ за манипулација со граѓаните со иницијативата за референдум

Од:

НСДП се согласува со одговорот на претседателот на Собранието Талат Џафери до политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, која достави граѓанска иницијатива за референдум против Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија се вели во соопштението од партијата.

– Јасен е обидот на ВМРО-ДПМНЕ за создавање тензии и за манипулација со граѓаните, преку доставување иницијативата за која и самите знаат дека е неуставна и дека ќе биде одбиена, затоа што ова собраниско мнозинство и претседателот на Собранието постапуваат исклучиво во согласност со Уставот, законите и собранискиот Деловник, како и во интерес на стратешките цели на нашата држава, како што се постигнатото членство во НАТО и почетокот на преговорите за полноправно членство во ЕУ. НСДП смета дека вистинската намера на опозицијата е референдумот да го искористи во политички цели за проверка на нивната поддршка, а не во насока на зајакнување на државната политика на прогрес и чекорење напред, затоа што ваков референдум само може да ги охрабри радикалните сили во државата и дополнително да ги засили поделбите во општеството кои не се потребни во момент кога ги отворивме преговорите со Европската Унија и следи скринингот се вели во соопштението од НСДП.

Би можело да ве интересира

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ

НСДП го прифати францускиот предлог

НСДП од политичките партии бара државнички однос при разгледување на францускиот предлог

Ана Ололовска

Мисовски избран за претседател на НСДП

Ана Ололовска

Трајковски: Одлуката на ЦО на НСДП за еден кандидат за претседател е недемократскa

Катерина Ѓуровски