НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

Од:

НСДП ги повикува граѓаните масовно да излезат во првиот круг на претседателските избори на 24 април и да го дадат гласот за просперитетна држава и европска иднина, да гласаат за нашиот претседател, да гласаат за бројот 1 за Стево Пендаровски. Пендаровски во изминатите пет години покажа дека е државник кој има знаење, умешност и визија да донесува државнички одлуки за меѓународното интегрирање на државата и обезбедување на стабилна иднина на граѓаните на Република Северна Македонија, се вели во соопштението од НСДП.

„Стево е претседател во чиј мандат Северна Македонија стана полноправна членка на НАТО, претседател со став за сите битни политички прашања, претседател во чиј мандат државата ќе стане членка и на Европската Унија доколку ја добие поддршката на 24 април и на 8 мај. Единствен од кандидатите за претседател кој има став за сите прашања и јавно и јасно го соопштува на граѓаните, за разлика од противкандидатите. Стево Пендаровски е човек за кој највисоки вредности остануваат слободата и демократијата и како Нова социјалдемократска партија (НСДП) сметаме дека заслужува да биде избран по вторпат за претседател на државата. Во среда на 24 април да се определиме за иднината, да го дадеме гласот за претседател со кој ќе се гордееме, да гласаме за бројот 1, за СТЕВО Пендаровски“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on