НСДП: Да се напуштат теснопартиските, а да се поддржат државните интереси

Од:

„Во услови на неажуриран избирачки список, без реализиран попис на населението и со стар Закон за референдум, кој не кореспондира со современите тенденции за непосредна демократија, резултатите од референдумското изјаснување се исклучително добри и покажаа политичка зрелост на поголемиот број на граѓани на Република Македонија. Единствено тие што излегоа на референдумот, независно од тоа дали гласаа позитивно или негативно, покажаа дека го сфатија историскиот момент за решавање на долгогодишниот спор со Грција и отворањето на вратите на НАТО и ЕУ, што како стремеж ги обединува сите прогресивни граѓани, независно од етничката, верската или политичката припадност.

Уште пред референдумот, кога политичките партии се позиционираа со своите ставови и кога се формираше коалицијата „За европска Македонија“, единствено ВМРО-ДПМНЕ застана спротивно на опредлебата на најголемиот број на граѓани и политички партии, прифаќајќи ги ставовите и интересите на една маргинална политичка структура која заговараше бојкот и блокада на евро-атланските процеси, перфидно затскривајќи се зад огромната бројка на евидентирани, а реално непостоечки гласачи во избирачкиот список. Негативните демографски трендови на масовно иселување, во кои никој нема увид, ниту пак ги евидентира, на опозициската партија и дадоа можност еден дополнителн корпус на граѓани да ги етикетира како „бојкотирачи“. Доколку ВМРО-ДПМНЕ беше убедена во својата, како што велат, масовна поддршка кај граѓаните, тие јасно и гласно ќе излезеа на референдумот и ќе одговреа со „против“, верификувајќи ја својата поддршка. Свесни дека ќе бидат политички делигитимирани при рефрендум кој формално правно ќе го задоволеше цензусот, тие избраа преку активен бојкот да се кријат во сивата зона на евидентирани, а не активни гласачи. Овие 500-600 илјади граѓани, кои не излегуваат на ниту едни избори, ги искористија како параван за своја политичка немоќ, притоа не водејќи сметка за напорите на прогресивните граѓани за побрзо надминување на спорот со името и побрзо влегување во НАТО и ЕУ.

Во новонастаната политичка ситуација по рефрендумот, НСДП очекува дека сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе го сфатат историскиот момент и ќе ја искористат својата уставна позиција како слободоумни претставници на граѓаните и со својот глас ќе ги заштитат интересите на граѓаните. Сакаме да ги потсетиме и дека независно од тоа што во Собранието се влезени преку партиски листи, Уставот на Република Македонија им го гарантира правото да гласаат по сопствено уверување

Има моменти во историјата на една држава, кои налагаат да се напуштат тесно партиските и лични интереси и да се препознаат националните и државни интереси. Во поновата историја на Македонија, од осамостојувањето до денес, позначаен историски момент не постоел. Затоа НСДП очекува ВМРО-ДПМНЕ да ја прифати идејата околу која се обединија голем број на политички партии од коалцијата „За европска Македонија“ и да ги поддржи уставните промени, како неопходен чин за интеграција на државата во НАТО и ЕУ. Во овие моменти, националните иперативи наложуваат да се подигне степенот на кохерентност помеѓу сите политички партии, поделеноста по етнички, верски или партиски приапдности да се надмине, само на тој начин како нација ќе покажеме дека сме созреани сами да одлучуваме за својата иднина и нема да подлегнеме на разузнавачките мешетарења од надвор.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ продолжи да го игнорира стремежот на граѓаните и не ги прифаќа пораките на меѓународната заедница, тогаш брзите предвремени парламентарни избори се наметнуваат како императив, без никакво заобиколување на Уставот, притоа овозможувајќи и на опозициската партија реално да ја согледа штетноста на своите политики во овој историски момент“, се вели во соопштението на НСДП.

Би можело да ве интересира

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ

НСДП: Не успеа обидот на ВМРО-ДПМНЕ за манипулација со граѓаните со иницијативата за референдум

НСДП го прифати францускиот предлог

НСДП од политичките партии бара државнички однос при разгледување на францускиот предлог

Ана Ололовска

Мисовски избран за претседател на НСДП

Ана Ололовска