Новото „пежо 508“ ќе биде ексклузивно промовирано на саемот во Женева

Од:

Новиот автомобил „пежо 508“ ќе биде ексклузивно промовиран на 88. Интернационален саем за автомобили во Женева, кој ќе се одржи од 8 до 18 март.

„Пежо“ ќе го претстави и новиот концепт „пежо рифтер“. Покрај тоа, на саемот во Женева ќе ја претстави сосема новата скулптура на лав со импресивни димензии која е дизајнирана од „Пежо дизајн лаб“ (Peugeot Design Lab).

Оваа скулптура со себе носи цврсто впишана ДНК на брендот и ја олицетворува гордоста на целиот бренд, односно гордоста поради тоа што „Пежо“ го зголеми нивото на квалитет за да понуди квалитет без компромис.

„Дизајнерите создадоа иконичен, безвременски дизајн кај овој монументален лав, со јасни и извајани површини. Неговите спектакуларни димензии го нагласуваат моќниот и непоколеблив карактер на брендот. Позицијата на држење, стоејќи исправено и решително посегнувајќи нанапред но без агресија, пренесува ведрина и доверба во иднината“, изјави Жил Видал, одговорниот и главен раководител за дизајн на „Пежо“.

Би можело да ве интересира

Престижното RedDot признание за Peugeot 208 и SUV Peugeot 200

Ана Ололовска

Пад на европскиот пазар на автомобили во јануари, особено за француските производители

Претставен новиот “Пежо” 208

Драган Поповски

Пежо слави производство на 500.000 примероци од Пежо 3008 SUV и 1.000.000 примероци од Пежо 308

Наум Локоски

Тест возење со новиот Peugeot Rifter по мавровскиот предел

Наум Локоски

Новиот Peugeot 508 беше предпремиерно претставен пред внимателно одбрана публика во Македонија

Наум Локоски