Новоизбраните членови на ДИК дадоа свечена изјава

Од:

Новоизбраните претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија денеска дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски.

Собранието на Република Македонија вчера во рамки на 83. седница со 102 гласови „за“, без „воздржани“ и „против“ го изгласа новиот состав на Државната изборна комисија.

За претседател на Комисијата е избран Александар Чичаковски, за потпретседател Реџеп Прекопуца, двајцата од редовите на експертите. Членови на Комисијата се Атанас Урумов, исто така од редот на експертите, Силвана Бонева и Сашо Срцев на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, Виолета Дума и Игор Милев на предлог на СДСМ, Субхи Јакупи од ДУИ и Бедередин Ибраими на предлог на ДПА.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште