Новоизбраната членка на Советот на ЈО, Јелена Догазанска-Колева даде свечена изјава во Собранието

Од:

Новоизбраната членка на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, јавната обвинителка Јелена Догазанска-Колева даде свечена изјава во Собранието, пред собранискиот спикер Талат Џафери и претседателката на Советот на ЈО Душица Димитриеска.

Јелена Колева Догазанска, јавна обвинителка од Основното јавно обвинителство (ОЈО)-Штип беше избрана за член на Советот на ЈО од редот на јавните обвинители од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Штип со изборно место број 4, на изборите организирани на 16 декември годинава.

Од вкупно 25 обвинители кои гласале, за Догазанска гласот го дале 19, потоа четири гласа за Даница Монева, јавна обвинителка од Вишото јавно обвинителство Штип и Златко Иванов, јавен обвинител од ОЈО Струмица доби два гласа.

Јелена Колева Догазанска е родена на 22.05.1978 година во Скопје, Правниот факултет го завршила на 28.02.2001 година, правосуден испит положила 12 декември 2003 година, во 2009 година ја завршила обуката од Академијата за судии и обвинители, истата година за првпат е избрана за јавен обвинител во ОЈО-Штип. Колева Догазанска доаѓа на местото на обвинителката Јасна Жежова.

Би можело да ве интересира

Башким Бесими избран за член на Советот на јавните обвинители

Сарамандова и Пеливанов стануваат виши обвинители: Советот ги одбра од 16 пријавени кандидати

Александар Тодески

Советот на ЈО едногласно го отфрли барањето на Фатиме Фетаи за преиспитување на одлуката за отфрлање на нејзината кандидатура за државен јавен обвинител

Љупчо Коцевски единствен кандидат за државен јавен обвинител

Барањето за мислење за кандидатите за нов државен јавен обвинител е пристигнато во Советот, има 15 дена да го разгледа

Седница на Совет на јавни обвинители, ќе се избира в.д. републички јавен обвинител