Новогодишни тезги во Куманово

Од:

Општина Куманово започна со издавање 25 унифицирани тезги. Комуналната урбана опрема веќе е поставена на градскиот плоштад во Куманово. Од одделението за комунални дејности од општината, информираат дека веќе имаат заинтересирани закупци. За унифицираната опрема, заинтересираните треба да платат комунална такса и надоместок во надлежното одделение.

Од секторот за инспекциски надзор информираат дека  продавачите на новогодишни украси ќе воведат постојан надзор на локацијата, за да се спречи евентуално поставување тезги кои не се сопственост на Општината.

– Додека трае таканареченото „новогодишно пазарче„ ќе ангажираме инспектори кои постојано на терен ќе надгледуваат и внимаваат да не бидат поставени импровизирани тезги  со картони, вели раководителката на секторот за инспекциски надзор Вера Лазаревска.

На закупците ќе им биде дозоволено поставување единичен пластичен најлон за да се заштитат од неповолните временски услови. Општина Куманово пред две години набави унифицирани дрвени тезги со стандардна големина и ги издава за различни манифестации на заинтересирани закупци. „Новогодишното пазарче„ќе функционира до крајот на овој месец.

Би можело да ве интересира

Во судар на три возила, повредени се двајца полицајци

ДУИ бара оставки од Исен и Садики-Шаини после скандалот во Куманово

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски ги осуди скандирањата и ксенофобните испади на неколкумина во салата во Куманово

Горан Наумовски

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Свети Николе – Куманово

Изгаснат е пожарот на депонијата „Краста“ во Куманово

Кумановец повреди двајца учесници на европските младински олимписки игри