Новогодишни пачетчиња за децата од „Порака нова“ во Струга

Од:

Дваесетина дечиња од Центарот за подобрување на квалитетот на животот на лицата со интелектуална попреченост „Порака нова“ добија новогодишни пакетчиња од Црвениот крст-Струга.

Пакетчињата, како што информира секретарот на Црвениот крст – Струга Адуриме Даути традиционално, четврта година се донација од ЕВН Македонија и КЕЦ Струга.

– И годинава Црвениот крст со партнерите се погрижија да внесат радост кај дечињата со посебни потреби. Ќе продолжиме и понатаму да помагаме и да ги поддржуваме оние на кои им е потребна помош, истакна Даути.

Секретарот на „Порака нова“ Анита Гагоска посочи дека дечињата во Центарот се радосни пред новогодишните празници и активно се вклучени во подготовките на честитки, китењето елка, а посебно се радосни на подароците, кои пристигнуваат од секаде.

– Пред Нова година дечињата секогаш очекуваат подароци. Но, јас би порачала не само за Нова година, туку постојано да мислиме на лицата со попреченост и да излегуваме во пресрет на нивните потреби, нагласи Гагоска.

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност

Мртва жена е пронајдена во стан во Струга