Новогодишен музички хепенинг во Куманово на 29 декември

Од:

Општина Куманово ќе организира Новогодишен музички хепенинг на градскиот плоштад на 29 декември на кој е предвидено да има целодневна програма наменета за различни возрасти на кој ќе настапат локални групи и пејачи, соопштија на денешната прес-конференција градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски и надлежните од секторот и Фондацијата за култура и спорт.

Дамјановски потсети дека и лани општината не организираше новогодишна забава на 31 декември, поради како што објасни, интересот на публиката само за настапи на пејачи и групи од Балканот, за кои рече, се потребни значителни суми на средства.

– Граѓаните на Куманово преку социјалните мрежи ја поздравуваат оваа одлука, има позтивни коментари и сметам дека програмата која ќе биде презентирана на 29 декември ќе привлече граѓани од различни возрасти, изјави Дамјановски.

Тој нагласи дека наредната недела ќе оствари традиционални средби со граѓани од социјално ранливи категории, децата со попреченост, деца без родители, лица со попреченост,децата сместени на детското одделение вокумановската општа болница. Додаде дека општина Куманово посветува значајно внимание на социјално ранливите категории граѓани за кои на годишно ниво одвојува 24 милиони денари.

Директорот на Фондацијата за култура и спорт од општина Куманово, Нино Величковски информираше дека во рамките на програмата за деца и младинци е планиран настап на танцовиот клуб „Мерлин“, музичка програма на децата со попреченост од дневниот центар и од „Порака Наша“, настап на детскиот градски хор од Куманово и на „Јероним де рада“ од Черкезе. Најмладите ќе ги посети и Дедо Мраз кој ќе донесе соодветни подароци. Од 18 до 20.30 часот предвидено е да настапи тамбурашкиот оркестар „Наши тамбураши“ со Нино Величковски и групата „Бисери“ со Маргица Антевска, а по 20.30 часот, настапи на поп, рок и хип хоп групите „Оружје“,“Морфеј“,„Tvister“ и „NBK“.

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски