Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ формира ново здружение за заштита на авторски музички права „СОКОМ-МАП“.
Како што информираат од Здружението, тоа е формирано со цел да се подобри статусот на авторите и заштитата на нивните права, откако голем број членови незадоволни од работата на ЗАМП го откажаа своето членство и ги напуштија органите.
– Во моментот СОКОМ-МАП е отворен за пристапување на нови членови – автори на секаков вид на музика, а во текот на наредната недела ќе ги формира своите органи и ќе поднесе барање за лиценца до Министерството за култура, се наведува во сооштението.
Од здружението ги повикуваме сите автори кои се заинтересирани да пристапат кон новата организација за колективно управување со авторските права и да го дадат својот придонес и активно да учествуваат во работата на СОКОМ-МАП.
Новото Здружение ќе биде сместено во просториите на Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ.