Ново рочиште за нападот врз села Села по измената на обвинението

Од:

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села во Собранието на 27 април 2017 година, за деветмина од обвинетите, откако на претходното рочиште беше повлечено обвинението против Сашо Сенков.

Обвинителот Дарко Јакимовски, минатото рочиште предложи измена на обвинителниот акт, според кое двајца од обвинетите Цејо Георгиевски и Стојан Павлевски се теретат за насилство, а останатите обвинети Кире Георгиевски, Оливер Ошавковски, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски и Коста Делов се товарат за обид за убиство.

Судечкиот совет, на предлог на Обвинителството донесе решение мерката притвор против Цејо Георгиевски и Стојан Павлевски да биде укината и им определи мерка за претпазливост, задолжително пријавување во Судот и забрана за напуштање на државата.

Во судницата, на минатото рочиште, се онесвести обвинетиот Александар Јаневски Тошта, по што со Брза помош беше пренесен во болница на Клиника за кардиологија.

Претставникот на оштетениот Абидин Абдули, по завршуавње на последното рочиште, потврди дека е можно проширување на обвинението против други лица кои не се опфатени, а се гледаат на најновата видео снимка, но откако дополнително ќе се консултираат со обвинителството.

Би можело да ве интересира

Крилото на Села ја спори легитимноста на конгресот на Таравари

Села: Не сум против носење на Законот за правична застапеност

Села: Скандалозна е вчерашната одлука на Уставниот суд во врска со „балансерот“

Горан Наумовски

Села: Ново уредување на уставниот поредок една од темите на Централното претседателство на АА

Таравари му одговори на Села: Седна во скутот на Ахмети

ВЛЕН: Добро е што Европскиот фронт сфати дека е опозиција, достоинствено ќе ги претставуваме сите Албанци

Катерина Ѓуровски