Ново продолжение на 85. седница на Собранието

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи расправата за Предлог на законот за изменување на Законот за заштита од пушењето, во прво читање, предложен од пратеници од опозицијата, во рамки на 85.седница.

На дневен ред се, исто така, дополнувањето на Законот за административните службеници, измените и дополнувањата на Законот за буџетите, измените и дополнувањата на Законот за јавен долг, Предлог на законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претопријатија со општествена и државна сопственост, сите во прво читање и на предлог на опозициските пратеници.

Народните избраници во рамки на седницата треба да се изјаснат и за Предлог на законот за дополнување на Законот за одбрана, по скратена постапка и за Предлог на законот за медицински сестри и акушерки, во прво читање, како и за неколку автентични толкувања.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање