Ново продолжение на 130-тата собраниска седница

Од:

Собранието трет ден ќе расправа по дневиот ред на 130-тата седница на кој има повеќе точки меѓу кои се и дополнетиот предлог закон за правата на заедниците кои се помалку од 20 проценти од населението во Република Северна Македонија, како и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за Собранието на Република Македонија, и за стратешки инвестиции во Република Северна Македонија, двата по скратена постапка.

Пред пратениците ќе се најдат и предлог законите за изменување на Законот за евиденциите од областа на трудот и за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа, и на Законот за забрана и спречување за вршење на нерегистрирана дејност, трите по скратена постапка.

На вчерашната седница пратеиците ја избраа Соња Трифуновска за заменик на Народниот правобранител и расправаа за повеќе законски решенија меѓу кои и за Законот за јавни собири, Законот за електронска трговија, Законот за таксата за привремен престој, …

Би можело да ве интересира

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи