Ново паркиралиште за велосипеди во паркот „Јане Сандански“

Од:

Ново паркиралиште за велосипеди денеска е поставено во паркот „Јане Сандански“ во општина Аеродром, донација на здружението на граѓани „Центар за климатски промени“ од Гевгелија.

Како што информираат од општина Аеродром, акцијата има за цел поттикнување и олеснување на возењето велосипед, а со тоа и да се намали загадувањето на воздухот и бучавата во Скопје.

Активностите се дел од акцискиот план за поголема вклученост на јавноста во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина, кој е изработен за периодот 2017-2020 година, преку проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животна средина“ и е финансиран во рамките на програмата за акциски грантови на Цивика мобилитас.

Би можело да ве интересира

Хаос во Амстердам: Поради невреме откажани над 800 летови на „Шипхол“

Поради намалена видливост откажани се 20 летови

Предраг Петровиќ

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Каја Калас и тројца европски лидери заглавија на аеродромот во Франкфурт

А1он

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи