А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Ново АД за водостопанство за поквалитетни услуги за земјоделците

by А1он04/09/2014 - 14:19132
Share0

Ново акционерско друштво во државна сопственост „Водостопанство на Република Македонија“ ќе се формира со цел успешно да се реализираат најавените инвестиции во водостопанството и да се обезбедат подобри услуги за земјоделците.

Добивај вести на вибер

Одлуката е донесена на минатата владина седница, а новото водостопанско претпријатие ќе ја извршува работата што ја имаат водостопанските претпријатија.

– Целта е со формирањето на акционерското друштво сериозно да се подобри степенот на давање услуги кон земјоделците и да се обезбеди стручен кадар којшто ќе ги реализира инвестициските циклуси, истакна владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев на денешната прес-конференција.

Седиштето на акционерското друштво ќе биде во Скопје, а постоечките 12 водостопански претпријатија ќе станат негови подружници. Во оние места каде што нема вакви претпријатија или каде што водостопанските друштва покажуваат послаби резултати можно е да бидат формирани нови претпријатија.

Одлуката, како што појасни Ѓорѓиев, е донесена по направени опсежни анализи и истражувања во изминатиот период.

Една од причините за формирање на новото претпријатие е да се овозможи успешна реализација на најавените инвестиции во водостопанството во износ од 20 милиони евра на годишно ниво во следните 10 години. Од друга страна направените анализи покажале дека во голем дел водостопанските претпријатија ги извршуваат своите работи на соодветно ниво, но оти има и претпријатија кои позитивно работат, но со одредени потешкотии, како и такви кои имаат слабости во работењето.

– Веруваме дека со оваа наша одлука ќе обезбедиме можности за инвестиции во сферата на водостопанството, вработување на стручни лица кои ќе бидат носители на процесите на модернизација и реформи во овој сектор се со цел обезбедување подобри услови и можности за земјоделците како предуслов за поквалитетно производство на храна, подвлече Ѓорѓиев.

Во следните 30 дена ќе се одржат повеќе јавни дебати со цел да се направи прифатливо законско решение кое ќе биде доставено до Собранието на Република Македонија.

vlada

Би можело да ве интересира

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Горан Наумовски17/02/2026 - 22:02

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 13:3517/02/2026 - 13:37

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:3416/02/2026 - 16:14

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Горан Наумовски11/02/2026 - 22:45

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски08/02/2026 - 14:0108/02/2026 - 14:02

Ревизорите алармираат: Владата плаќа скапи возила на лизинг без вистинска конкуренција

Горан Наумовски05/02/2026 - 13:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен