Новиот руски амбасадор Баздникин му ги предаде акредитивите на Димитров

Од:

Вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија, Сергеј Баздникин, денеска ги предаде копиите на акредитивните писма на министерот за надворешни работи Никола Димитров.

– Посакувајќи му успех во извршувањето на одговорната функција на амбасадорот Баздникин, министерот Димитров подвлече дека Република Македонија, стратегиски ориентирана кон евроатлантските интеграции, придава значење и на натамошно унапредување на односите со Руската Федерација и интензивирање на соработката во сите областите од заемен интерес, соопшти Министерството за надворешни работи.

Баздникин доаѓа на местото на Олег Шчербак кој ја вршеше амбасадорската функција во Македонија од 2010 година.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија