Новиот пратенички состав на конститутивна седница во петок

Од:

Претседателот на Собранието од претходниот состав, Трајко Вељаноски попладнево закажа конститутивната седница на новиот пратенички состав за петок во 13 часот.

„Врз основа на член 63 од Уставот на Република Македонија кој предвидува дека новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена од одржаните избори и конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав, Вељаноски ја закажа конститутивната седница на деветтиот парламентарен состав за петок, 30 декември 2016 година во 13 часот“, информира Собранието преку соопштение.

Пратениците од новиот состав избрани на 11 декември денеска ги добија уверенијата од Државната изборна комисија. Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски кажа дека извештајот за завршените предвремени парламентарни избори освен до Собранието е испратен и до Агенцијата за медиуми, а истиот ќе биде објавен и на официјалната страна на ДИК.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска