Новиот амбасадор во НАТО Дане Талески ја претстави својата платформа во Собранието

Од:

Новиот амбасадор Дане Талески, кој ќе ја претставува Македонија во Мисијата во НАТО во Брисел, денеска ја претстави својата платформа пред членовите на собраниската Комисија за надворешни работи.

Талески пред нив рече дека со квалитет и дипломатски сенс ќе го оправда членството на Северна Македонија во НАТО.

Уште тројца, од 16 идни наши амбасадори рефериираа денеска пред Комисијата за надворешна политика. Планот за дипломатски активности во ООН го претстави Теута Агаи – Демхаја, а реферираа и нашите амбасадори во Данска Фатон Бејта и во Катар Шабан Јашари.

Во текот на следните денови Комисијата ќе се состане за да ги слушне и платформите на останатите предложени амбасадори. Постојан претставник при Советот на Европа во Стразбур ќе биде Светлана Гелева. За амбасадор во Атина е предложена Лидија Бошковска, во Тирана Данчо Марковски, во Нур Султан (Казахстан) Сали Лимани, во Приштина Шпреса Јусуфи. Нов амбасадор на Северна Македонија при Светата Столица ќе биде Марија Ефремова, во Чешка Сашко Тодоровски, во Jапонија Горан Цеков, во Србија Васко Грков, во Канбера, во Австралија Билјана Стефановска Сековска, во Холандија Бети Јачева и во Естонија Драган Јорданов.

Би можело да ве интересира

Москва предлага пакт со НАТО

Авиони на НАТО двапати се обидоа да соборат беспилотно летало над Литванија, но не успеаја

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски