Новинарски пленум: Новинарството во ендек

Од:

Членовите не неформалната иницијатива Новинарски пленум се собраа пред влезот на МРТ со барање да бидат примени кај претседателот на Лустрациската комисија, Томе Аџиев.

Тие носат транспаренти на кои пишува: „Лустрирајте ме и мене“, „Томе началниче“, „Комисија за верификација на нарачките“, „Новинарството во ендек“.

Одлуката на Новинарскиот пленум да бара прием кај Аџиев доаѓа откако Јадранка Костова, главен и одговорен уредник на „Фокус“ објави дека е лустрирана.

novinariMTV1

Иако комисијата за лустрација се уште официјално не го објавува нејзиното досие, Костова јавно ја објави причината зошто е лустрирана на денот на годишнината од смртта на нејзиниот колега Никола Младенов.

-Зарем не е веќе кристално јасно колку Фокус е систематски третиран од фамилијата на власт! Не ги задоволи смртта на Никола Младенов и згаснувањето на дневен Фокус. Продолжија да нѐ гонат пред нивните судови и судии. И тоа не им ги насити ниските страсти, веројатно затоа што ја преживеавме казната … и еве ја смислија лустрацискава комедија, вели Костова.

 

Би можело да ве интересира

Убиени се двајца новинари во Газа

ЗНМ: Осуда за попречување на новинарската работа на екипата на КЛАН телевизија

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката од Охрид

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите

Почина Исуф Кадриу, дописник на РСЕ од Скопје

Предраг Петровиќ

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он