Новинарот Зоран Божиновски, со одлука на Апелацискиот суд во Нови Сад од вчера е на слобода. Судот донел одлука да го укине екстрадицискиот притвор на Божиновски.
Забрането му е да ја напушти Србија и одземен му е пасошот.
Божиновски во Македонија е обвинет во случајот „Шпион“ за изнуда на пари.
Според обвинението, тој, заедно со останатите обвинети, им се заканувале на познати македонски бизнисмени дека ќе објават компромитирачки материјали за нив доколку не им исплатат одредена сума на пари.