Новинарот Бранко Тричковски повикан на распит во обвинителството како осомничен за повеќе кривични дела

Од:

Новинарот Бранко Тричковски добил покана од скопското обвинителство да се јави на распит како осомничен за повеќе кривични дела. Како што самиот објави на „Фејсбук“ тој не знае за што точно е повикан да се јави во Обвнителството на 20 ноември.

„Лицето се повикува во својство на осомничен, а во врска со постапка која се води по поднесена кривична пријава за повеќе кривични дела од Кривичниот законик“, пишува во поканата од скопското обвинителство.

„Отидов во Адвокатската комора, но таму ми рекоа дека немаат слободни адвокати илјада се ангажирани за 27 април, другата илјадарка работи за Никола Груевски и третата е ангажирана во одбраната на унијата на вмровските жени со мали деца. Ај, си реков, сам ќе се бранам. Што дело си сторил, бре, суртук, се прашував, бидејки во дописот нема членови-менови и други тракатанци, според кои сум осомничен. Се сетив дека на времето, јас и моето друштво здипливме три милијарди евра од трезорот на Народна банка, ама тоа беше одамна и сигурно е позастарено од некои дела на Груевски. Што друго си направил, стоко стокосана! Некои неплатени сметки за пијачка во “Корзо”!? Друго, друго!?. Пишував како го убивам Груевски со “Хеклер и Кох” и “Леопулд” окулар, дека народот има природно право да го обеси лудакот од Водно. Дека Мицковски би можел да се убие на општо задоволство, а не само на задоволство на вмороните. Ќе видиме, драги мои, на 20 ноември“, напиша Тричковски.

Би можело да ве интересира

По реакцијата на Ивановска, дадена и е можност исказот во Обвинителство да го даде по изборите

Обвинителство: Протеран е германски државјанин кој предизвикал инцидент непосредно пред фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Шкендија“ и ФК „Карабаг“

Горан Наумовски

Обвинителство: Братоубиство во Кавадарци, предложен притвор за сторителот

ОЈО: Раководител во општинскиот инспекторат во Битола незаконски изградил помошен објект

Дисциплинската комисија утврди крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје, се бара негово разрешување

Апелација ги уважи жалбите на Обвинителство и им определи ефективен 30 дневен притвор на двајцата поранешни директори на Онкологија