Новинарите: Подобро во затвор отколку со кредити да ги плаќаме казните

Од:

Селмани: Креваат хистерија зошто немаат аргументи со што да се борат

„Најодговорните сакаат да продолжат да се однесуваат неодговорно“ – вака претседателот на ЗНМ Насер Селмани ги објанси бурните реакции на неговите колеги за неговиот синочеќешен договор со Владата за декриминализација на клеветата.

Според првиот човек на новинарскиот еснаф, неговите колеги кревале хистерија бидејќи немале аргументи со кои би се бореле против договорот на ЗНМ со Владата.

Објаснувајќи што тој поточно договрил со владата Селмани кажа дека со понесувањето на каскадна односно споделена одгворност со казни од 2000 евра за новинари 10.000 евра за уредници и 15.000 евра за сопствениците, „новинарите нема да бидат топовско месо во пресметките меѓу политичарите и газдите а на уредниците сега ќе им се расипел комодитетот бидејќи злоупотребата на новинарите не била слобода на изразување“.

Селмани рече дека со договорот има 12 законски основи при кои новинарите нема да одговараат, а тој наброја неколку: aко се извинат, ако докажат дека текстот е нарачан од уредникот или ако не му е обезбеден слободен пристап до инфорамции.

„Најодговорните во медиумите сакаат да продолжат да бидат најнеодговорни. Е тоа не може! Дојде време да се воспостават правила на игра“, изјави Насер Селмани, претседател на ЗНМ.

ЗНМ вчера беше критикувано од голем број новинари дека влезе во пазарење со Владата за висина на казните, наместо да се бори за укинување на клеветата и навредата како кривично дело. Се замеруваше дека во спрегата за слобода на изразување сега со драконските казни и за сопствениците на медиумите, им се дава легитимно право да се мешаат во уредувачката политика. Новинарите стравуваат дека вака политичките и бизнис елити тужбите ќе ги користат за поголем притисок врз медиумите.

Но, за претседателот на ЗНМ ова биле нелогични и хистерични забелешки. На прашање дали хистеричен е и потегот на неговата матична куќа, дневниот весник „Вест“ која вчера во знак на протест излезе со бела страна, тој одоговри со прашање каде биле тие уредници да се бунат дека е самоцензура кога на новинарите им било одземано половина плата за да се платат трошоците за казни.

„Кога ќе ни се осудат новинари, нема бела страна. Сега кога се загрозени уредниците, веднаш бела страна“, додаде Селмани.

Главниот и одговорен уредник на Вест, Горан Михајловски, само кусо одговори дека е крајно разочаран од целата ситуација и дека тоа разочарување го покажал со „бланко“ насловната страна на „Вест“.

За новинарот Емил Зафировски, од порталот мкд мк, кој беше осуден на 30 дена казна затвор за спор со Љубисав Иванов Ѕинго, висината на договорените казни се огромни. „Мене лично, како новинар со мали месечни примања, повеќе ми одговара да одам во затвор отколку да плаќам“ – вели Емил. Според него 2000 евра се преголема сума, која тој со неговата плата не може да ги издвои и во таа ситуација ќе се соочиме новинарите сами да си наметнуваат самоцензура.

Дека новинарите треба да подлежат на одговорност како и сите граѓани за Искра Опетческа новинар во дневниот весник „Нова Македонија“ нема дилема. Меѓутоа со оглед на природата на нашата работа, лично сметам дека е добро што се декриминализира клеветата, само од една причина затоа што ако останеше кривично дело истражните органи имаат мерки со кои директно влегуваат во слободите и прават на граѓанинот – вели Опетческа.

Имаат парво на претрес, во краен случај и да наредат прислушкување на телефони или како што и се случи токму нејзе да дојдат од дома и да те приведат. Сепак смета дека договорената сума помеѓу ЗНМ и Владата е преголема за условите во кои живееме, и дека новинарите ќе можат да ја исплатаат сумата само во случај доколку банките дозволат наменски кредите за исплата на вакви штети.

Насер Селмани не одгвори дали ќе поднесе одговорност доколку членството на ЗНМ јасно застане против оваа одлука.Колку за потсетување, во изминативе шест и повеќе месеци, Селмани ветуваше и се залагаше за казни на новинарите за клевета кои ќе се движат од две до три новинарски плати.

Христена Антовска Јованчева

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on