Новинарите на „Телма“ бараат да се повлече барањето на Кировски за цензура на статусите на социјалните мрежи

Од:

Новинарите на „Телма“ побарале од Самостојниот синдикат на новинари медиумски работници да им се врати правото на слобода на говор, односно да биде повлечена забраната од главниот и одговорен уредник Атанас Кировски, дознава „Макфакс“.

На социјалните мрежи вчера беше објавена циркуларната забрана, односно барање на Кировски до вработените во кое им наложува дека не смеат да пишуваат статуси на социјалните мрежи кои не се во согласност со политиката на телевизијата „Телма“ и не се одобрени од негова страна. Оваа забрана на вработените им била испорачана пред референдумот.

Кировски смета дека е негово потполно право како работодавец да го побара ова од вработените и за „Макфакс“ не сакаше да го коментира случајот.

Според претседателката на ССНМ, Тамара Чаусидис, не е спорно медиум да има внатрешно уредена политика на користење на приватните профили од страна на новинарите, но содржината и тонот на наредбата се особено навредливи и понижувачки не само за новинарите во ТВ „Телма“ туку и за имиџот на самата куќа и нејзиното раководство.

„Лично, немам дилеми дека ваквата забрана повеќе ќе му наштети на имиџот на телевизијата отколку некаков личен фејсбук-статус на нејзините новинари. Вака како што е срочена оваа забрана не може да се толкува поинаку отколку како попречување на слободата на мислење и говор, темелни права на човекот. И тука веќе имаме сериозен проблем“, вели Чаусидис.

Ана Василева

Би можело да ве интересира

ССНМ: Телма да ја повлече забраната за новинарите

Ана Ололовска

ЗНМ ја осуди забраната на „Телма“ за коментирање на интернет

Ана Ололовска

Пцости и вербални напади врз новинари на Телма на протестот „За заедничка Македонија“

А1он

Заменик командант на единица во МВР спречил да се фатат напаѓачите на екипата на А1он

А1он

Телма силно ги осудува радикалните повици на Јовановски

А1он

Прекршочни пријави за напаѓачот на новинарот на ТВ Телма

Ана Ололовска