ВИДЕО: Новинарите на МПМ протестираат со маички „Македонија вработува“

Од:

Вработените од редакциите во сопственост на МПМ денеска се кренаа на протест откако им било најавено дека платите ќе им се намалат за 10-20 отсто и дека некои од нив ќе бидат отпушени.

Мирниот протест се одржува пред канцелариите на МПМ кај трговскиот центар „Зебра“, а новинарите на себе носат маички на кои пишува „Македонија вработува, се бориме за секое работно место.“

makedonijavrabotuva-vesnici (3)

Од ова кратење на платите и на кадарот се засегнати новинарите и администрацијата во весниците „Вест“, „Дневник“ и „Утрински весник.“

makedonijavrabotuva-vesnici (2)

Тие велат дека веќе се потпишани решенија за бркање на дел од нивните колеги, но дека се чуваат во тајност.

makedonijavrabotuva-vesnici (4)

На протестот преовладуваат новинари од редакцијата на „Вест“, но не можат да се забележат вработени во другите редакции.

makedonijavrabotuva-vesnici (1)

Неофицијално менаџментот проценил дека има превработеност и дека е потребно кратење на трошоците при што како кратење од месечниот буџет на „Вест“ се споменува сума од 8.000 евра. Новинарите се жалат дека пред четири месеци почнале да им доцнат платите.

Иако мерката се однесува и на „Утрински весник“ и на „Дневник“ од овие редакции не излегоа на протестот со образложение дека не биле организирани и дека овој процес бил по иницијатива на редакцијата на „Вест“.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Дезинформациите и неоснованите критики се најголем предизвик денеска за медиумската сцена и самата демократија

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми