Новинарите Цветковска, Арсиќ и Николовска добитници на наградите на ЕУ

Од:

Сашка Цветковска, новинарка во порталот Нова е добитничка на првата „Награда од Европската Унија за истражувачкото новинарство за 2014“, за нејзината статија под наслов „Шпионот земјопоседник“

Втората награда му припадна на новинарот Љубиша Арсиќ за новинарската статија „Дали исчезнатите АФИС системи се користат за производство на биометриски документи“, додека третата награда и е доделена на Билјана Николовска од Телма за статијата „Кога здравствениот систем убива дете“ за случајот на малата Тамара.

На конкурсот за 2014 година учествуваа 15 автори со 18 стории, објавени во печатените, електронските и интернет медиумите.

Наградата од Европската Унија за истражувачкото новинарство, што ќе се доделува и во наредните две години, има цел да ги истакне и да ги промовира извонредните достигнувања на новинарите истражувачи и да ја подобри видливоста на квалитетното истражувачко новинарство во земјите од Западен Балкан и во Турција.

фото: Радио МОФ

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ