Новинари од регионот со поддршка за весникот „Врањске новине“ и уредникот Обрадовиќ

Од:

Регионалната платформа за Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите, која претставува повеќе од 7.800 новинари и медиумски работници, изрази загриженост поради притисокот врз локалниот весник „Врањске новине“ и штрајкот со глад на главниот уредник и сопственик Вукашин Обрадовиќ.

Во соопштението се наведува дека по 23-годишно работење и критичко следење на локалните проблеми на југот на Србија, весникот се затвора поради постојани притисоци од економски и политички карактер. Притоа се посочува дека Обрадовиќ со отворено писмо им се обратил на надлежните институции и на јавноста барајќи одговори за состојбата на весникот.

– Немаше големи осцилации во работењето, сите даноци беа плаќани на време, весникот беше воден под исто име и издаван од страна на истиот издавач. Во претходните случаи на контроли на државните власти, „Врањске новине“ се придржуваа до одлуките на властите и постапуваа според издадените препораки. Не е јасно зошто деловен субјект со таква историја заслужува такви интензивни финансиски инспекции, кои овој месец траеле повеќе од две недели, а биле спроведени во просториите на весникот, се вели во соопштението.

Од Регионалната платформа за Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите бараат институциите да реагираат соодветно на писмото на Обрадовиќ и соодветно да одговорат на неговите технички прашања. Најавуваат дека ќе ги информираат сите релевантни регионални и европски институции за овој случај со цел да ја побараат нивната поддршка. Нагласуваат дека ќе продолжат да го надгледуваат случајот се додека не се реши.

Делегација на новинари од регионот завчера во Врање го посетила Обрадовиќ со цел да изрази солидарност со него.

– Иако е разбирлив во овој контекст, штрајкот со глад не е одржлива мерка за постигнување напредок во слободата на медиумите, бидејќи цената што треба да ја плати оваа исклучителна личност е премногу висока во име на поширока кауза. Другите поврзани протести на граѓаните што се случија истиот ден пред зградата на Владата во Белград, дополнително ја потврдуваат сериозноста на ситуацијата и испраќаат порака до институциите во Србија дека критичните медиуми се важни за општеството и дека Владата треба да создава услови во кои е можно тие слободно да функционираат, велат новинарите од регионот.

Регионалната платформа за Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите ја сочинуваат новинарски здруженија и асоцијации од Скопје, Белград, Подгорица, Приштина, Сараево и Загреб.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on